Ана Јовева
Ана Јовева

Архитект, пијанистка, фотограф

Ана Јовева

Ана Јовева е родена 1974 година во Скопје. Таа е инженер архитект и магистер по архитектура и дизајн, пијанист и личност со голема страст и почит кон фотографијата и уметноста. Интересот на Ана за уметноста и фотографија почнува уште од мали нозе кога се здобива со неколку награди. Со фотографијата посериозно започнува да се занимава кога добила можност да живее во друга земја за време на студиите и работата, истражувајќи преку копчињата на фотоапаратот за архитектурата, различната традиција, етика, музика, религија, уличниот живот и социјалните моменти. Таа наоѓа многу заедничко меѓу архитектурата, музиката и фотографијата.

Ана ја исполни својата страст за фотографија со завршување на обуката за дигитална уметничка фотографија и дигитално сликарство на Блискиот Исток. Таа имаше шанса да научи фотографија од различни фотографи, кога во 2017 година реши да учествува на конкурс за фотографија и салони.

Работејќи на полето на проекти за дизајн на болници, Ана има можност да запознае различни емоции меѓу луѓето и нивната судбина, па врз основа на тоа се труди да ги направи болниците со пријатно чувство, простор и ентериер. Сакајќи да ја подобри атмосферата во болницата и да ги направи подобри и поблиски до чувствата на пациентот, таа ги имплменитера своите фотографски и уметнички способности во дизајнот на болницата.

Сега таа претпочита да создава и експериментира со фотографија која прикажува моменти на емоции и гостопримство.

Во фотографијата, Ана имаше повеќе од 300 примени во различни земји и меѓународни награди. Таа ја носи титулата QPSA во Фотографското друштво на Америка.

Родена
1974, Скопје
Професија
Магистер инженер архитект и дизајнер; консултант за проектирање болници
Звања
QPSA (Фотографско друштво на Америка) · КМФ НФУ, март 2022
Клубови
Фото клуб Куманово · Фото група Стоби, Скопје
Унија
Основач на Национална фото унија (2021); член на Извршниот одбор и на советите во 2024
PSA
Волонтер, ESD за Регион 13
Камера
Nikon D7100